УХМР: Денеска ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер, за време на викендот променливо облачно
Објавено на 2 март, 2021 во 08:14
02.03.2021
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер а во должина на Повардарието на одредени места засилен северен ветер.
Утре не очекува повторно сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.
До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од утре ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, а на планините од снег.
Стефани Манева