Битиќи и Бесими на средба со Азески во Стопанската комора на Македонија
Објавено: 2 март, 2021, во 08:35 часот
02.03.2021
Заменикот претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска ќе имаат работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Од Стопанската комора на Македонија информираа дека работна средба ќе се реализира во врска со покренати иницијативи кои преку Комората биле предложени од бизнис заедницата, а се прифатливи за Министерството за финансии.




