Почина Горан Гаврилов, основач на радиото „Канал 77“
Објавено на 11 март, 2021 во 16:50
11.03.2021
Во четврток ненадејно како последица на кардиоваскуларни проблеми на 55-годишна возраст почина Горан Гаврилов, основач и управител на националното радио „Канал 77“.
Гаврилов беше еден од пионерите во новиот медиумски простор по осамостојувањето на Македонија во 1990-те години. Радио „Канал77“ започнува со својата работа на 4 октомври 1991 година, кога по неколкумесечно емитување на експериментална програма, во Штип, радиото официјално почна со емитување на сопствена програма.
Сè до 1995 година, Канал 77 работи како локално радио, кога во периодот од 1995—1997 година се гради мрежа за покривање на на Македонија.
Гаврилов, исто така, беше основач на АПЕММ, асоцијацијата на приватните електронски медиуми.