Над 500 нови случаи на Ковид-19, полицискиот час и препораките не се почитуваат

Објавено на 15 март, 2021 во 09:08

xlmtcafxzalefouaqguk

15.03.2021

Во земјава е воведен полициски час и забрането е движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро, но сепак, голем е бројот на оние кои го прекршуваат. Според Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие 32 лица не ја почитувале забраната за движење, а 564 лица не носеле заштитни маски, иако тоа е една од препораките за да се спречи натамошното ширење на вирусот.

По порастот од над илјада новозаболени од ковид-19, вчера Министерството за здравство Венко Филипче, регистрира 541 нов случај на коронавирусот од направени 2.789 тестирања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 112.646. Бројката на оздравени е 97.687, на починати 3.319, а на активни случаи 11.640. Досега се направени 566.183 тестирања.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.