Комисијата за заразни болести заедно со министерот за здравство Филипче, денеска на состанок, дали ќе има нов предлог до Владата?

Објавено на 17 март, 2021 во 08:52

karadhovski i filipche2

17.03.2021

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок на кој може ќе се разговара за нови евентуални рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата.

„Закажан е состанокот на Комисијата за заразни болести. Ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до владата или не“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Откако ќе заврши состанокот, министерот ќе одржи прес конференцијата во 11 часот.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.