За еден ден се попишале 7.102 македонски државјани
Објавено на 24 март, 2021 во 08:57
24.03.2021
Според податоците на Државниот завод за статистика досега 137.111 македонски државјани кои живеат во странство ги дале своите податоци.
-За еден ден се попишале 7102 македонски државјани кои живеат во странство и се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис2021, на 21 април. Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, велат од Државен завод за статистика.