УХМР: Сончево време со слаб ветер
Објавено: 9 април, 2021, во 07:22 часот
09.04.2021
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од минус шест до еден степен, а максималната од осум до 17 степени.
Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринската температура и утре на повеќе места ќе биде негативна и под просекот за овој период од годината.


