Хасани: Намерно не ја почнавме кампањата за масовна вакцинација
Објавено на 12 април, 2021 во 08:00
12.04.2021
Заменик министерот за здравство Илир Хасани вели дека масовната кампања за вакцинација во земјава не е започната намерно, објави ТВ 21.
-Свесно се воздржавме до апелот додека да не ги примиме вакцините во доволна количина и ќе продолжиме со сите капацитети кои ги поседуваме за понатамошното вакцинирање. Тоа значи дека моментално дневно имаме 2000-2500 вакцини, а капацитетот за вакцинација кој го имаме е многу поголем но ги чекаме бројките и вакцините кои ќе стигнат во секој момент. Ова не е критика туку планирана стратегија, истакна Илир Хасани, заменик министер за здравство.