УХМР: Облачно време со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи

Објавено на 19 април, 2021 во 07:22

lugje narod dozd 85897

19.04.2021

Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи , локално се очекува да наврнат над 15 л/м2.

На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северен правец.

Утре се уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани. Кон средината на неделата ќе има преодна стабилизација со пораст на дневната температура, а нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната седмица.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.