ЦУК: Во последното деноноќие имало само еден пожар на отворено, кај велешко Чалошово и 1.748 повици за итни случаи
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/стрниште-1-1024x462.jpg)
Регионалниот ЦУК Велес информира дека Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, вчера, во период од 14:00 до 14:40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Дурутовец кон с. Чолошево во Општина Велес. Секако, паралелно со ваквите интервенции на пожари на отворено, пожарникарите интервенирале на други пожари во населените места, согласно пријавите за пожар.
Според последниот извештај на сектотот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.748 повици. „Реални“ повици за итни случаи биле 39,30%, а имало 60,70% други повици, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со решавањето, координирањето, на овие повици преку ЦУК, се растоваруваат од такви повици институциите и службите коишто се за итно интервенирање. Како, на пример, кога се јавува болен граѓанин што може да добие совет од службата „Ало докторе“, па не се држи зафатена една линијата на Итната медицинска помош (ИМП) со случај што не е за итна медицинска интервенција.
Кон Полицијата биле упатени 51,12% од повиците, кон ИМП 42,13%, а кон пожарникарите биле упатени – 3,37%
ЦУК ги решава, односно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повече институции или служби.
ЦУК известува за сервисна информација што би спречила можна локална паника. Конкретно Регионалниот ЦУК Скопје известува дека фирма ,,Хаусмајстор груп“ известила дека ќе тестирање противпожарна (ПП) опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“ (во зграда А), во период од 11:00 до 12:00 часот денеска (14.11.2023 година) Тоа ќе биде тестирање на противпожарна (ПП) опрема и нема да биде реална ситуација на територијата на Општина Аеродром.
Инаку, информацијата од ЦУК е изработена според добиените писмени информации од Регионалните центри за управување со кризи, како и од информациите на други субјекти што учествуваат во Системот за управување со кризи (ЦУК), во коишто се наведуваат состојбите во областите за коишто се надлежни.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)