Ховит побара информации за Кежаровски
Објавено на 28 октомври, 2013 во 17:51
Нова тв.мк пренесе дека известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит во македонското собрание пред Националниот совет ја пренесе „загриженоста од многу колеги и земји во Брисел околу слободата на изразувањето“.
„Одблиску ги следиме препораките околу законот за медиуми, како и случајот за новинарот Томислав Кежаровски. Сакам да слушнам што имате да ми кажете и во Брисел да ги отворам прашањата. Сакам да имам јасна перспектива и да информирам за тоа во Брисел, за чесно да си ја завршам мојата работа“, истакна Ховит, кој денеска и следните два дена ќе престојува во Македонија.
Попладнево тој ќе има средна и со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
