Евроинтеграциите и медиумите во фокусот на Ховит

Објавено на 28 октомври, 2013 во 15:46

Известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, Ричард Ховит од денеска ја започна тридневната посета на земјава. Според неговата агенда ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, а ќе присуствува и на седниците на Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции.

На двете седници ќе биде презентиран и ќе се дискутира околу извештајот на ЕК за земјава, како и за очекувањата од декемврискиот Европски совет кој ќе треба да одлучува околу препораката за почнување преговори со Македонија. Се очекува Ховит да испрати порака до сите политички фактори во земјава да се посветат на процесот на евроинтеграции.

„Има ризик ако земјата и натаму биде отфрлена. Јас предупредувам дека доколу поранешната југословенска Република Македонија, земјата која има најдолг кандидатски статус, биде повторно отфрлена, тогаш ќе има последици внатре во земјата и тоа мора да го разбере Брисел. Но, исто така ќе кажам дека има планина која треба да се искачи и многу земји членки на ЕУ треба да бидат убедени. Не ми е сè уште јасно дали може да добиеме позитивна одлука во декември и затоа секој напор мора да биде направен во самата земја за да се демонстрира напредок и политичка волја“, рече Ховит.

Во текот на посетата најавено е и дека британскиот евро-пратеник ќе се интересираа и околу слободата на изразување околу што ќе разговара со владини претставници и претставници на новинарски здруженија.

Од ЗНМ ја потврдија средбата на која ќе се знае како ќе се презентираат проблемите со кои се соочуваат новинарите во земјава по координацијата која ќе ја одржи здружението.

Извор: Радио Слободна Европа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.