Кацин: ЕУ подготвена да ја превземе одговорноста од Нимиц
„Во ситуација сме да немаме доволно влијание врз Грција, а врз Македонија немаме никакво влијание. Ние во Европската унија сме подготвени да ја преземеме одговорноста од рацете на амбасадорот Нимиц и да го водиме процесот. Но мораме да имаме гаранции дека премиерот Груевски е подготвен да го стори тоа„ – изјавил изјавил словенечкиот пратеник во Европарламентот Јелко Кацин кој со група европартеници учествуваше на состанок во Вашингтон за перспективите на Источна Европа.
Како што пренесува МИА Кацин кој е известувач за Србија оцени дека состојбите со спорот за името не се зрели за решение и оти затоа во врска со приемот на нови членки на самитот на НАТО во Лондон догодина ја спомнал само Црна Гора.
Словенечкиот пратеник во Европскиот Парламент Кацин изјави дека нема надеж за решавање на спорот за името и дека дури и грчката европратеничка Марија Елени Копа била шокирана од веста дека грчкиот учесник во неодамнешните разговори за името предложил Република Македонија да се преименува во „Славјанско-албанска Македонија“.
– Состојбите не се зрели за решение. Марија Елени Копа денеска беше во шок кога и кажав каков е нивниот официјален предлог за името. Не можеше да поверува во тоа какво нешто предложиле, изјави словенечкиот пратеник во Европскиот Парламент Кацин, кој престојува во Вашингтон со група европратеници меѓу кои е и Копа од грчката партија ПАСОК, која во минатото била забележителна со своите изјави за спорот за името.
Кацин ја употреби шокираноста на грчката колешка да илустрира колку е далеку можноста за решавање на спорот за името, за кое словенечкиот евро-пратеник сепак првенствено ја обвинува Македонија.
