Народниот правобранител Мемети ќе го посети Кежаровски

Објавено на 28 октомври, 2013 во 10:10

Народниот правобранител Иџет Мемети го прифати барањето на Здружението на новинарите и денеска се очекува во затворската ќелија да го посети новинарот Томислав Кежаровски.

Кежаровски, минатата недела, беше  осуден на затворска казна во времетраење од четири и пол години поради објавување на идентитет на заштитен сведок. 

Новинарот на „Нова Македонија“ Кежаровски е единствениот новинар во Југоисточна Европa кој отслужува затворска казна поради објавен новинарски текст.

Фото: А1.он

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.