Македонија наскоро ќе добие амбасадор во Софија
Објавено на 20 јануари, 2022 во 09:50
За неколку дена ќе има предлог за амбасадор на Македонија во Бугарија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за „bTV“.
Османи жали што целиот овој период немавме наш официјален претставник во Софија.
-Навистина беше пропуст што сите овие години немавме амбасадор таму. Немаме утврдено име се уште, иако наредните денови ќе имаме предлог, информира шефот на македонската дипломатија.
Македонија нема амбасадор во Софија од април 2020 година.
Пред два дена бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека се надева Македонија ќе назначи амбасадор во Бугарија во следните 60 дена.