Македонските новинари на протест (фото и видео)

Објавено на 17 февруари, 2023 во 12:36
Фото: Македонски новинари на протест

Новинари, сниматели и фоторепортери денеска изглегоа на марш за да го одбранат новинарското достоинство. Пред зградата на Владата, претседателот на Здружение на новинари, Младен Чадиковски, рече дека законите важни за медиумите не се спроведуваат.

Фото: Младен Чадиковски и Павле Беловски

-Јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и сниматели. Државниот пи-ар ја зема работата на новинарите, снимателите и фоторепортерите. Колеги бркаа со секира, на еден му удрија бокс пред камера, на колешка и бришеа снимки од мобилен телефон,  директор пцуеше новинарка, гледаме тужби од бизнисмени и политичари за издржувачки стории…Сакаме да кажеме стоп, треба да се случат промени, додаде Чадиковски.

Фото: Македонски новинари на протест

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека новинарите не молчеле кога никнувало новинарството во земјата.

Фото: Младен Чадиковски и Павле Беловски

-Не замолчевме ни кога не затвораа, тепаа, малтетираа и кога ги губевме нашите работни места. Создадоа џин овде. Тој џин сме ние овде. Тој џин нема намера да молчи и нема да затскрие ништо, освен да ја објави вистината, потенцира Беловски.

Фото: Македонски новинари на протест

Во продолжение погледнете го целосното видео со изјави на Чадиковски и Беловски.

Дума.мк

фото:

Фото: Младен Чадиковски и Павле Беловски
Фото: Македонски новинари на протест
Фото: Македонски новинари на протест
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.