МОН ги отвори конкурсите за ученички стипендии, учениците можат да конкурираат за девет различни категории

Објавено на 2 октомври, 2024 во 13:09

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година коишто се со рок 15 октомври 2024 година.

Средношколците можат да аплицираат за вкупно 9 различни категории на стипендии. За условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи, во секој од конкурсите, отворете на овој линк.

МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк.

Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.