МОН: Почна исплатата на студентските стипендии и субвенционираниот оброк
Објавено на 28 јануари, 2023 во 13:18
Министерството за образование и наука (МОН) ги информира корисниците на студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк, дека е започната исплатата на финансиските средства.
Како што наведуваат во соопштение, согласно податоците, 3.415 студенти ќе добијат средства за четири месеци, односно ќе бидат исплатени стипендиите за месеците октомври, ноември, декември 2022 година и за месец јануари оваа година.
Корисниците на правото за субвенциониран студентски оброк, односно 28.986 студенти, исто така во текот на идната недела ќе добијат средства за минатиот месец, односно за декември 2022 година.
Дума.мк