Можно e укинување на полицискиот час од 15 јуни
Објавено на 3 јуни, 2021 во 13:56
Можно е од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
– Убава вест е тоа што нема хоспитализирани лица позитивни на ковид 19 денеска во Скопје. Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки – рече Филипче.