МВР: 83 санкции за возење под дејство на алкохол
Објавено на 14 јануари, 2022 во 10:09
Во текот на вчерашната вечер во периодот од 20.00 до 02.00 часот, била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија. Притоа биле санкционирани се 83 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Министерство за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.