МВР ги демантира информациите објавени преку социјалните мрежи за киднапирања

Објавено на 16 ноември, 2023 во 09:55

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите пласирани преку социјалните мрежи за киднапирања.

– Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР.

На социјалните мрежи синоќа беше објавена фотографија од наводни киднапери кои се движат низ Батинци и киднапираат деца. Објавата има над 4.000 споделувања на Фејсбук.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.