МВР пријави 47 повредени полицајци и 11 уапсени демонстранти на вечерашниот протест

Објавено на 6 јули, 2022 во 10:18

47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти е вечерашниот биланс од протестот против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, организиран од опозицијата, кој се одржа пред Владата, МНР и Собранието.

Од МВР велат дека 47 полицајци се повредени, од кои „11 потешко, а двајца се со сериозни повреди“. Штети има на објектите на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи.

Во специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски” примени биле тројца полесно повредени полицајци, но, како што изјави за МИА директорката на болницата Нермин Шаќири, бидејќи не работат рендген-апаратите, тие се препратени во Клиничкиот центар на снимање, каде е констатирано дека немале поголеми повреди.

Протестот, четврти по ред, почна пред зградата на Владата, од каде што демонстрантите маршираа до Министерството за надворешни работи. Таму исто така фрлаа со јајца и други предмети и запалија факели, по што продолжија до Собранието.

Пред Собранието, ситуацијата ескалираше за време на говорот на актерката Весна Петрушевска, кога група демонстрантија урнаа заштитната ограда и се најдоа очи во очи со кордонот полицајци, а цело време фрлаа шишиња, камења, јајца, петарди и факели кон полицијата и кон собраниската зграда, на која се искршени десетина прозорци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.