На ГП „Табановце“ се чека околу еден час додека на ГП „Богородица“ 30 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу еден час, додека на ГП „Богородица“ за излез од државата околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.