Носете си чадор – дождливо и посвежо време
Објавено на 26 април, 2023 во 09:31

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат до 19 степени.
Дума.мк
