Нови цена на горивата: Бензините се намалуваат, цената на дизелот останува иста
Објавено на 5 октомври, 2023 во 13:01
Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот останува со непроменета цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 83,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 85,50 денари за литар.
Непроменета останува малопродажната цена на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, односно ќе се продаваат по 86 и 85 денари за литар.
Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,95% проценти.
Дума.мк