Облачно и посвежо со врнежи од дожд
Објавено на 9 мај, 2023 во 09:23

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во наредните денови под влијание на влажен и студен бран следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено во среда и четврток
Дума.мк
