Облачно и студено, следните денови очекувајте снег
Објавено: 10 јануари, 2022, во 09:28 часот
Денес ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25л/м2, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе започне да дува умерен северен ветер кој утре и во среда ќе биде засилен.
Утре ќе има повремени локални врнежи претежно од снег и ќе дува засилен северен ветер. Потоа од среда времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер, а од четврток постудено со утрински температури кои на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни.



