Облачно време со ветер и дожд
Објавено на 22 ноември, 2022 во 09:12
Времето денеска претежно облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.) Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Утре ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со студени утра и со услови за магла по одделни котлини