Облачно време со врнежи од дожд
Објавено на 13 октомври, 2022 во 09:19
Облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Најпрвин во западните, а потоа во останатите подрачја ќе има повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2).
Утре во текот на денот врнежите ќе престануваат, а од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.