Од 7 јуни се отвара уште една земја за туристи кои не се граѓани на ЕУ
Шпанија ќе им дозволи на луѓето кои не се од земјите-членки на Европската унија, вакцинирани против Ковид-19, да влезат во Шпанија од 7 јуни, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез
„Новото правило ќе се применува на вакцинираните патници без оглед на нивната земја на потекло“, рече Санчез, наведувајќи ги САД како пример, пренесува Ројтерс.
Сепак, тие мора да имаат сертификат со кој се докажува дека примиле вакцини одобрени од Европската агенција за лекови или Светската здравствена организација .
Тој исто така најави дека од 24 мај, Шпанија ќе им дозволи на туристите од земјите кои не се членки на ЕУ и за кои се смета дека носат мал ризик од инфекција да влезат во Шпанија без негативен ПЦР тест.
На списокот, меѓу другите, ќе бидат и Велика Британија, како и Австралија, Нов Зеланд и Израел.