Од полноќ поевтинува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.09.2021 година.
-Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,181 ден/кг.
РКЕ со денешната одлука врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25% во однос на Одлуката од 13.9.2021 година.
„Кај крајната цена на дизелот има намалување како последица на анулирање на дополнителната акциза за дизелот од 2 на 0 денари за литар. Во првите две недели од месецот заклучно со 15 септември регистриран е раст на берзанската цена на дизелската фракција која служи како основа за пресметка на малопродажната цена на дизелот. Растот на берзата е поголем од 600 USD/ton, со што се исполнува условот да не се пресметува дополнителната акциза кај дизел горивото. Ние ги доставивме овие податоци до Министерството за финансии и Царинската управа, што всушност ни е законска обврска два пати во месецот да ги информираме за движење на берзанските цени на нафтените деривати за да знаат дали се пресметува дополнителната акциза или не.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Од 21.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,181 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 1,160%, дизелот зголемување за 3,228%, кај екстра лесното масло за 3,131% и кај мазутот има зголемување за 1,992%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,586 % , соопштија од РКЕ.