Одрони кај Катланово, обилно паѓа снег и прекинат е товарниот сообраќај на патот Гостивар-Маврово-Стража-Кичево
Објавено на 25 ноември, 2023 во 14:26
ЦУК информира дека од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека поради обилни врнежи од снег патниот правец Гостивар- Маврово-Стража-Кичево од 12:40 часот е во прекин за тешки товарни возила.
Регионалниот ЦУК – Скопје, известува дека треба да се вози внимателно на патниот правец Скопје-Велес, бидејќи добиле пријава од граѓани за одрони долж клисурата на патниот правец Скопје-Велес почнувајќи од с.Катланово. За настанатата состојба известени се ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта кои известија дека ќе пратат камион за расчистување на одроните.
Дума.мк