Основците ќе учат до 14 јуни, средношколците до 9 јуни
Учебната година за учениците од основните училишта ќе заврши на 14 јуни, а за средношколците на 9 јуни, пишува во објавата на сајтот на Министерството за образование и наука. Измената е објавена со Календарите за изменување за организација и работа на основните и јавните средни училишта.
Второто полугодие од наставната 2022/2023 наместо на 18, почна на 23 јануари. Според календарот за работа во образованието, до крајот на учебната година треба да се одработат 180 наставни денови. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири смета дека целосно ќе се реализира наставната програмата и целосно ќе се реализира сѐ што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата.
Матурантите ќе полагаат државна матура на 27 мај и 10 јуни, објави Државниот испитен центар. На 27 мај ќе се полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на 10 јуни математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.
Дума.мк