Патните исправи со скратена постапка и за нашата дијаспора во Чикаго

Објавено на 22 декември, 2021 во 09:59

Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД непречено тече мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Од тамошниот генерален конзулат посочуваат дека досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле. Ова претставува позитивно изненадување за нашата дијаспора во САД, за што се изјасни и нашиот генерален конзул во Чикаго, Петрит Муслиу.

„Конзулатот во Чикаго опфаќа 22 федерални единици во САД, што укажува на многубројната дијаспора што живее на оваа територија. Со новата опрема што ја имаме, пасошите ќе се подготвуваат многу побрзо отколку во минатото и заинтересираните страни ќе бидат позадоволни од оваа услуга”, изјави Муслиу.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.