По магливото и облачно утро, сончев ден
Објавено: 14 ноември, 2022, во 09:13 часот
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Утринската температура ќе се движи во интервал од -3 до 6 степени, а дневната од 12 до 19 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се движи до 3 степени, а максималната до 15 степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб променлив ветер.



