Почна да работи стационарот за бездомни кучиња во Струмица, згрижени веќе 50 тина кои чекаат на вдомување

Објавено на 2 февруари, 2023 во 14:58
Фото Дрнка.мк: Градоначалникот Костадинов во стационарот

Почна да функционира стационарот за бездомни кучиња „Лана“ во Струмица кое располага со 58 индивидуални боскови, амбуланта, хируршка сала, каде уличните кучиња ќе бидат згрижени, стерилизирани, вакцинирани со престој одреден временски период. Паралелно „Лана“ располaга и со две возила со по 6 кафези со кои ќе се врши заловување на кучињата по струмичките улици кои станаа горлив проблем за струмичани. Во стационарот веќе се згрижени 50 тина бездомни кучиња кои се сместени во боксовите.

,, Наша цел е стационарот Лана да биде привремен дом за уличните кучиња, место каде ќе бидат згрижени, безбедни. Место каде ќе може да се сретнат лубителите на кучињата но и можност да вдомат некое,, кажа директорката Сузана Стојкова.

Фото Дрнка.мк: Стационар „Лана“ во Струмица

Стационарот „Лана“ е резултат на повеќегодишната иницијатива и заложба на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој го изгради и обезбеди возила за заловување на уличните кучиња. Требаше да функционира како регионално претпријатие но по последните локални избори, новоизбраните градоначалници одлучија основачките права да и ги префрлат на Општина Струмица која покажа интерес да има свое јавно претпријатие за таа намена.

Текстот во целост прочитајте го на Дрнка.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.