Поевтинува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат непроменети

Објавено на 8 ноември, 2023 во 14:36

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на полноќ поевтинува Мазутот за 1,005 денари по килограм, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Новата цена на Мазутот М-1 НС ќе биде 44,996 денари по килограм.

Од РКЕ додаваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,006 проценти, кај дизелот за 0,429 отсто, кај екстра лесното масло за 0,670 проценти и кај мазутот намалувањето е за 2,158 отсто.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.