Извршено повторното ждребување во ДИК!
Објавено на 10 март, 2013 во 16:26
На денешното жребување во Државната изборна комисија, опозициската СДСМ го извлече бројот 119 за редно место на гласачкото ливче во Охрид и во Струга, за претстојните локални избори.
Во другите 70 општини оваа партија ќе настапи со различни редни броеви. Во Карпош нивниот кандидат Андреј Петров ќе настапи под редниот број 42.
Либералната партија која ќе настапи самостојно го доби бројот 118.
ДИК не го прифати предлогот на претседателот Борис Кондарко за разрешување на претседателот на ОИК во Шуто Оризари, бидејќи ја отфрли листата на советници на СДСМ, без притоа да даде рок од пет часа кога судовите работат, за да може СДСМ да ги исправи неправилностите./Б.Н.Т
