Косор: Ме уценуваат со секс снимка !

Објавено на 10 март, 2013 во 22:30

Бившата хрватска премиерка Јадранка Косор  која е изклучена од ХДЗ вели дека од таа партија ја уценуваат со непостоечка снимка со секс скандал.

Таа на хрватските медиуми им рекла дека е соочена со бројни закани,вклучувајќи и снимка „која е снимена во кумровачкото училиште“ но тврди дека никаква секс снимка со неа како актерка не постои.

Косор раскажала дека еден портал објавил дека Томислав Карамарко,кој е на чело на ХДЗ „ја уценил со порно видео“.

„Велат дека ме уцениле со тој филм и дека барале од мене да одам од Саборот а дека јас не сум отишла,бидејќи сум проценила дека во тој порно филм изгледам одлично и дека ќе предизвикам емпатија како Северина“,рекла Косор и додала дека тие тврдења се неосновани.

„Некој мора на тоа да реагира!Мора да каже дека не е вистина.А бидејќи тука се спомнува и кумровечкото училиште кое го спомнува и Вице Вукојевиќ,кој кажува глупави лаги,секако дека немам голем простор за заклучоци,“ изјавила Косор и додала дека не може само да одмавнува со рака и да молчи додека „тоа ѓубре се врти по порталите“. Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.