Опозицијата вечерва на митинзи во Свети Николе и Велес!

Објавено на 18 март, 2013 во 11:35

Во Свети Николе митингот ќе започне во 19 часот, а на него е планирано да говорат Владимир Гилев, носител на советничката листа, првиот човек на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов и кандидатот за градоначалник на Свети Николе, Кире Алексов и лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски.

Во Велес ќе почнат во 20,30 часот, а таму ќе говорат Благој Коларов носител на советничката листа, Стојанче Ангелов, лидерот на НСДП Тито Петковски, претседателеот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски, кандидатот за градоначалник на Велес, Аце Коцевски и Бранко Црвенковски.

Од денеска попладне па до вечер помали митинзи ке се одржат и во Лозово, Чашка и Градско.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.