Зоран Јовановски си заминува од раководството на СДСМ!

Објавено на 3 јуни, 2013 во 19:55

Досегашниот потпретседател на СДСМ Зоран Јовановски најави повлекување од сите раководни функции во партијата. Тој се враќа на работното место во Комерцијална банка.Ваквата најава доаѓа еден ден по поразот при изборот за лидер на СДСМ.

Јовановски освои 137 гласови на 14-от конгрес и денеска му ја честита победата на Зоран Заев.

„Во мојот живот никогаш не сум калкулирал, туку сум се однесувал чесно и достоинствено. Така влегов во оваа приказна, така и излегувам. Ќе продолжам и понатаму да се борам за вредностите во кои силно верувам, но отсега тоа ќе го правам на лично, индивидуално ниво. На Конгресот пред делегатите беа понудени концепти и визии за функционирањето на СДСМ во наредниот период и тоа концепти и визии кои суштински се разликуваат. Делегатите пред себе ја имаа шансата да го насочат СДСМ по патека која е нова и поинаква, но тие направија друг избор и јас целосно го почитувам тоа. Притоа, не сакам да бидам каква било пречка за реализација на концептот што беше избран “, изјави Јовановски. Тој упати благодарност до Бранко Црвенковски што му дозволил во изминативе четири години да биде потпретседател на СДСМ.

Вториот учесник на конгресот и претендент за претседателското место во партијата, Кире Наумов освои само 15 гласа на тајното гласање.  Според него вчерашниот конгрес минал во мачна атмосфера.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.