Заев денеска пиеше кафе со Црвенковски а утре и со Груевски!

Објавено на 4 јуни, 2013 во 16:51

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска пиеше кафе со екслидерот Бранко Црвенковски. Воедно тие направиле и формално примопредавање на функцијата. Во просториите на Бихаќка се вселил Заев додека Црвенковски заминал во просториите што му припаѓаат како поранешен шеф на државата.

Денеска на Заев по телефон победата му ја честитал и премиерот Никола Груевски кога го поканил претседателот  на СДСМ на кафе средба во Владата која треба да се случи утре, среда, во 13 часот. Средбата треба да биде продолжение на претходно вопоставената пракса на состанок на премиерот со лидерот на опозицијата.

Честитки до опозиционерот Заев стигнаа и од претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој изјави дека верува во изборот на Зоран Заев за лидер на опозициската СДСМ дека ќе придонесе во зајакнувањето на демократијата во Македонија, но и за изградба на здрави меѓуетнички односи, подобар политички дијалог меѓу партиите и во решавање на клучните прашања за Македонија на патот кон зачленувањето во НАТО и добивањето датум за почеток на преговорите со Европската унија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.