За неполн месец Конгрес на НСДП

Објавено на 8 октомври, 2013 во 10:42

Опозициската НСДП, на 3 ноември, ќе го одржи својот трет редовен Конгрес на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 500 делегати од 50 општински организации на партијата.

До 30 септември траеше постапката во која се избираа партиските делегати на Конгресот. Во исто време се предлагаа членови за Централниот одбор и Надзорниот одбор на НСДП како и кандидати за Претседател на Нова социјалдемократска партија.

На Конгресот ќе биде избрано раководовството на партијата за наредниот четиригодишен период.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.