Македонскиот амбасадор во Катар трошел пари без покритие
Македонскиот амбасадор во Катар, Фуад Хасановиќ мора да надомести речиси 2,3 милиони денари на сметката на буџетот на Министерството за надворешни работи, откако ревизорите откриле неправилно управување со дел од ресурсите во амбасадата.
Ревизорите откриле дека Хасаноновиќ ненаменски исплаќал средства на лицата ангажирани со авторски договор од страна на македонската амбасада во Катар и за тоа не обезбедил соодветна документација.
Како што соопшти МНР, Амбасадорот Хасановиќ е задолжен парите да ги врати во целост. Тие велат дека во тек е правна постапка за нанесената штета во рамки на која се поднесува и пријава до надлежните инстанци.
Според весникот на албански јазик Лајм, Хасановиќ предизвикал финансиска малверзација од 20 до 30 илјади денари, но извори на Канал 5 во државната ревизија тврдат дека сумата за која што било утврдена проневерата е околу 50.000 долари.