СДСМ утре се враќа во Собранието

Објавено на 31 август, 2015 во 07:58

По петнаесет месеци бојкот, пратениците на опозициската коалиција утре се враќаат во Собранието на Макаедонија.

Враќањето на опозицијата во парламентот беше една од точките во договорот од Пржино, што четворицата лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи го постигнаа под покровителство на меѓународната заедница.

Од партијата велат дека активно ќе учествуваат во работата на Собранието и дискусиите на комисиските расправи, а најмногу ќе се фокусираат на обврските од договорот од Пржино.

Инаку, на последните парламентарни избори СДСМ неколку минути пред завршувањето на гласањето излезе и реши да бојкотира, затоа што во изборниот процес имало многу нерегуларности.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.