СДСМ: По рекордниот раст на просечната плата од 8,1% , априлската минимална плата расте за 3,3%

Објавено на 13 март, 2019 во 09:29

sdsm fin

„Минималната бруто плата од април оваа година се усогласува согласно Законот за минимална плата и се зголемува за 3,3%“, соопштуваат утрово од СДСМ.

„По рекордниот раст на просечната плата од 8,1 проценти со ова усогласување и зголемување минималната плата ќе изнесува 17.943 денари, односно 12.507 денари во нето износ.

Минималната плата се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и бруто домашниот производ.

Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години.

Просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година.

Трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година и тоа во сите сектори.

Со водењето на добри економски политики, како и трендот на раст на платите се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во семејствата, се подобрува животниот стандард кај граѓаните“, додаваат од партијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License