Анкета: Најголема доверба граѓаните имаат во Премиерот Зоран Заев

Објавено на 25 декември, 2019 во 14:33

Zaev fin

Доколку утре се оддржат избори, 22,1 отсто од граѓаните би гласале за СДСМ, а 20,4 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во него, најголема доверба имаат 16,5% од анкетираните. Следи опозицискиот лидер Мицкоски во кого најголема доверба имаат 14,2% од анкетираните. По нив следуваат, лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6,9% и претседателот на државата Стево Пендаровски со 4,2%.

lista fin

Гледано според етничката структура на анкетираните, Мицкоски е политичар со најголема доверба кај етничките Македонци. Во него веруваат 19,3% од анкетираните етнички Македонци за разлика од рејтингот на Заев кој кај Македонците е фиксиран на 17%.

Но во Премиерот веруваат и 13,7% етнички Албанци, што е втор најдобар резултат кај етничките Албанци, веднаш зад оној на Ахмети кој достигнува 31,8%.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.