Премиерот Заев поднесе оставка

Објавено на 3 јануари, 2020 во 08:46

Zaev fin

Премиерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата претседател на Владата. Ова е сосема очекуван и логичен потег, согласно Пржинскиот договор.

„Веројатно во моментот се поднесува. Утрово во 8.30 владата работи. Јас бев на работа, ја потпишав оставката, согласно договорот и согласно Законот за Влада. Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата во текот на денот за избор на преодната Влада“, вели Заев.

На ред е сега Собранието која треба да ја изгласа новата техничка влада, на чие чело ќе биде досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ќе биде нов мандатар.

Владата до изборите на 12. април ќе функционира во „мешан состав“, односно ќе има министри од големите политички партии, а потоа Заев би можел да се врати на премиерското место доколку победи на предвремените парламентарни избори, или тоа место да му припадне на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во изминатиот период „копјата“ се кршеа за министерското место во министерството за внатрешни работи. Откако беше решена и таа дилема, односно Наќе Чулев ќе биде на тоа место, теренот беше подготвен за новата техничка Влада која почнува со работа од денеска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.