Манчевски:Кулата на Водно е дупло поскапа од Авала
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на денешната прес конференција, се повика на информации од Агенцијата за електронски комуникации и соопшти дека Кулата на Агенцијата за електронски комуникации на Водно, ќе чини 1.084.706 денари или околу 18 милиони евра.
Објектот, кој ќе се гради, го спореди со телекомуникациската кула на Авала во Белград и рече дека изградбата на белградската кула, која е повисока за 50 метри, чинела 8,5 милиони евра.
– Белграѓани, за нивната Кула, највисока на Балканот, платите 8,5 милиони евра. А скопјани за иста таква Кула, зборуваме само за нејзината градба, ќе платат 17,7 милиони евра. Невозможно е градежните материјали за шест ипол години толку многу да поскапат, рече Дамјан Манчевски.
СДСМ смета дека парите би можеле да се искористат за изградба на училишта, мостови или да се покријат дел од трошоците за двата нови автопати.