Нов бран на промени во ВМРО ДПМНЕ

Објавено на 17 октомври, 2013 во 18:18

ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе продолжи со  кадровското освежување во институциите.

Во изминатиот период била согледана успешноста на работата на функционерите кои беа именувани и врз основа на тоа донесе одлука за промени во одредени области, изјави на прес-конференција Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на партијата.

Според Тодоров, смените се резултат на нивната неможност да одговорат на темпото на работа на ВМРО-ДПМНЕ и на одредени објективни слабости или недоволна посветена работа, што е во целосна спротивност на основните принципи на делување на партијата.

Станува збор за промени на функционери во Скопје, Берово, Охрид, Облешево, Демир Хисар, Василево, Градско и други места.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.